Кошаркарите на Денвер нагетс се на половина пат од пласманот во големото финале во НБА, откако ноќеска вторпат по ред беа подобри од ЛА Лејкерс (108-103), за што беа најзаслужни Никола Јокиќ, но пред се – Џамал Мареј.
Тој средбата ја заврши со 37 поени, од кои дури две тртини во последната четвртина во која беше решен победникот. Мареј во завршните 12 минути реализира 23 од вкупно 32 поени на својот тим, односно само еден поен помалку од сите „езерџии“ – заедно. Србинот без разлика што во последниот период не постигна ниту еден кош, сепак, во свој стил ја заврши работата и тоа со нов трипл-дабл со 23 поени, 17 скока и 12 асистенции. Јокиќ и покрај тоа, повторно влезе во историјата на НБА како прв кошаркар кој на два плејоф-меча по ред имал учинок од најмалку 55 поени, 35 скока и 20 асистенции.
23 POINTS IN THE FOURTH‼️
JAMAL MURRAY WENT OFF 🔥 pic.twitter.com/9gmhSXgAcq
— ESPN (@espn) May 19, 2023
Леброн Џејмс не погоди ниту еден од шесте обиди за тројка и средбата ја заврши со 22 поени, 10 асистенции и девет скока, а ептен потпросечно одигра Ентони Дејвис, кој заврши со 18 поени, но со ужасни 4/15 шутеви од поле. Остин Ривс даде 22 поени, а Руи Хачимура 21 поен и беа солидна поддршка за двете ѕвезди.
Следните два меча се играат во Лос Анџелес во кои „езерџиите“ ќе настапт под голем притисок, бидејќи ако загубат дома барем еднаш, Денвер ќе биде многу блиску до својата прва титула на Западот. И Лејкерс како и Денвер, засега нема пораз на свој терен во годинешниот плејоф.
Be the first to write a comment.