Новак Ѓоковиќ вчера го победи Мартон Фучович откако наиде на сериозен отпор само во првиот сет, но за време на паузите, најдобриот српски тенисер го привлече вниманието и со промената на една црна плочка на своето тело.

По крајот на мечот, Ноле во разговорот со новинарите се пошегувал дека плочката прави да се чувствува како „Ајрон мен“ и новата технологија направила да отиде скалило погоре, но ако тој не сакаше да ја открива мистеријата, компанијата која ги создава овие мали уреди ја искористи шансата за одлична реклама.

Италијанската компанија „TaoPatch“ откри дека станува збор за продукт од нивната голема ризница од производи, кои всушност содржи комбинација од акупунктура и содржи слоеви од нанокристали кои прават телесната топлина рамномерно да се распределува во телото.

Овој мал уред служи за стимулурање на централниот нервен систем и подобрување на комуникацијата со останатите делови од телото, а според информациите од Италија, предметот кој го користи Ѓоковиќ се продава во неколку варијанти и чини од 349 до 3999 долари.

Дел од критичарите вчера почнаа да пишуваат дека станува збор за нешто недозволено, но во реалност се работи за производ со кој се запознаени и го користат и многу други спортисти.