Д-р Александар Кнежевиќ, специјалист по неврохирургија на Универзитетската детска клиника во Тиршова, ја опиша целата драма што следела во кога почнале да пристигнуваат деца повредени во пукањето во училиштето во Врачар. Тој вчера во гостувањето на РТС се присети на хоророт во средата наутро кога во основното училиште „Владислав Рибникар“ се случи страшното пукање во кое од момчето убиец Коста Кецмановиќ усмрти осум деца и еден обезбедувач, а седуммина тешко рани.
– По тој прв шок, се упатуваме надолу. Доктор Мрдак, неврохирургот кој работи со мене, ми се јави и рече дека пациентот е веќе пристигнат. Мислам дека првите пациенти пристигнаа во Тиршова, а потоа почна прераспределбата, бидејќи немаме доволно сали за неврохирургија, ниту неврохирурзи – рече Кнежевиќ. Девојчето кое било во тешка состојба веднаш било згрижено од анестезиолог.
– Докторката Симиќ, која е задолжена за анестезија во Тиршова, и нејзините колеги веднаш ја однесоа пациентката во просторијата за реанимација, каде веднаш дојдоа детски хирурзи, ортопеди и ние неврохирурзите. Утврдивме дека има прострелна рана во главата – изјави Кнежевиќ.
МОЛК ВО ТИРШОВА
– Во Тиршова владееше молк. Радиологот ја сними сликата, кога ја погледнавме отидовме директно во салата. Севкупно, не верувам дека траеше 20 минути. Бевме во салата, анестезиологот д-р Ирина Милојевиќ беше задолжена за анестезија, таа и нејзиниот тим имаа потешка работа бидејќи цело време им требаше замена на крв. Јас и докторот Мрдак ја започнавме операцијата. Имаше масовно крварење кое некако успеавме да го запреме. На половина од операцијата ни се придружија уште двајца професори и заедно направија се што беше можно од медицински аспект – вели Кнежевиќ.
Тој посочува дека во тој момент многу им значела поддршката од другите професори кои им се придружиле. Докторот вели дека бил на должност и кога се случило масовното убиство во Младеновац.
Животот на девојчето се уште е во опасност
Тој синоќа изјави и дека девојчето е тешко рането во пукотницата во основното училиште „Владислав Рибникар“ и се уште е во многу тешка состојба, дека нејзиниот живот е во опасност. Како што рече, девојчето е на интензивна нега во Тиршова и е најтежок пациент чиј живот е загрозен. За неа постојано се грижат анестезиолозите, истакнува тој.
Be the first to write a comment.