Коста Кецмановиќ (13) на 3 мај уби осум ученици и обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, а за време на крвавата гозба повреди уште шест соученици и наставничка по историја.
Меѓу трагично загинатите деца е и девојчето А.Б.(11), кое утрото со својата другарка дежурало во училишниот хол. Откако од врата го убил Драган Влаховиќ, со истрел од пиштол ги застрелал двете.
Убиената А.Б била успешна одбојкарка, а ден пред кобното утро се вратила од Грција.
– Утрото кога беше убиена, А.Б. претходно дошла во училницата да се поздрави со другарките. На некои им подарила и подароци, рекла – се гледаме подоцна, денеска дежурам – изјави за „Блиц“ нејзина другарка.
Несреќното девојче денеска на 6 мај ќе наполнеше 12 години и наместо роденден, ќе биде погребана во понеделник на Новите гробишта.
Инаку, по веста за масакрот во училиштето, родителите со часови трагаа по девојчето мислејќи дека е во една од болниците каде се превезуваат повредените ученици.
– Почина нашата мала сосетка. Беше прекрасно дете, имаше само 11 години. И соседите отидоа пред училиштето, поставуваа прашања. Никој не ни помисли дека е убиена. За жал, на крајот ја слушнале страшната вест. Не можам ни да замислам како се чувствуваат нејзините родители. Сето ова е како хорор филм – рекол сосед на убиената девојка.
Be the first to write a comment.