Коста Кецмановиќ (14) вчера уби осуммина свои пријатели и припадник на школското обезбедување во Врачар во Белград. Тој повредил уште шест деца и една наставничка. Порталот Република.рс дојде до фотографија од оружјето со кое Коста Кецмановиќ тргна во крвав поход.

Тој сам ја направил таа фотографија, најверојатно во својот стан, пред да влета во училиштето и да започне досега невидено злосторство во оваа област. На морничавата слика се гледаат два пиштоли, муниција за нив, како и четири молотови коктели кои биле пронајдени во неговиот ранец при неговото апсење.

Да потсетиме, Коста Кецмановиќ вчера направи крвав пир во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар кога уби осум ученици и еден работник од обезбедувањето на оваа образовна институција. Имено, тој упаднал во неговото основно училиште во 8 часот и 40 минути кога најпрво го застрелал обезбедувачот.

Фотографија направена од Коста Кецмановиќ пред да тргне во крвавиот поход

После тоа пукал и убил три ученички во ходникот и се упатил кон училницата за историја. Наставничката по историја беше прва на мета, ранета, а потоа тој уби уште пет ученици и повреди уште шест.