Коста Кецмановиќ (13), кој во средата наутро уби осум врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, е најсуровиот масовен убиец на таа возраст во историјата, пишува босанскиот портал Klix.ba.
Меѓу сите масовни убијци во светот помлади од 14 години, што во Србија е законска граница под која детето не може кривично да одговара за кривично дело без разлика на бројот на жртвите, никој досега не убил толку жртви како Кецмановиќ.
Засега има само три имиња на списокот на деца на масовни убијци помлади од 14 години, кои зад себе оставиле најмалку четири жртви.
Во 2019 година, Кајл Алвуд уби пет членови од своето семејство кога запали куќа во Илиноис, САД. Тогаш имал само девет години.
Во 1998 година, во друштво на соучесникот Мичел Џонсон (13), Ендрју Голден (11) уби четворица ученици и еден наставник во средно училиште во Арканзас, а рани 10 други.
Бразилецот Марсело Едуардо Бово (13) уби четири лица во Сао Паоло во 2013 година, по што се самоуби.
Според српските закони, дете помладо од 14 години не одговара кривично без разлика на тежината на делото и бројот на жртвите, што е токму случајот во овој масакр. Да имаше 14 години, Кецмановиќ во најлош случај можеше да оди во воспитно-поправен дом. Но, бидејќи има само 13 години, синоќа им беше предаден на работниците од Центарот за социјална работа.
Be the first to write a comment.