Полицијата пронашла младо момче од Подгорица кое било убиено, а потоа запалено во селото Штеке, на излезот од Подгорица кон Цетиње, велат за црногорските медиуми повеќе извори и безбедносни институции.
Наводно, се работи за 23 годишниот В.В. кој бил поврзан со „шкаљарскиот“ клан. Според неофицијалните информации на Вијести, доцна синоќа несреќниот млад човек го идентификувале членови на семејството.
Полициската управа не излезе со никакво официјално соопштение откако беше пронајден полу јагленосаниот труп во Штеке. Неговото тело вчера наутро го забележал локален жител кој бил во посета на имотот и ја известил полицијата.
Инспекторите на лице место затекнале застрашувачка глетка – во шумата, до слепа улица, на 200-тина метри од главниот селски пат, имало полу јагленосано тело, а покрај лешот имало повеќе чаури.
Be the first to write a comment.