БЕЛГРАД – Министерството за одбрана на Србија соопшти дека починала хигиеничарката С.С. (61) која денеска при работа паднала од седми кат од зграда во улицата „Бирчанинова“.
– И покрај огромните напори и посветеноста на лекарите од Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија, животот на нашата колешка не беше спасен, се вели во соопштението на Министерството.
Министерот за одбрана Милош Вучевиќ о нашалникот на Генералштабот на војската на Србија Милан Мојсиловиќ упатија телеграма со сочувство до семејството на загинатата жена.
Како што е соопштено, С.С. е родена на 25 март 1964 година во Сјеница, а служела во војската на Србија од 3-ти февруари 1988 година.
Be the first to write a comment.