Осмоодделенецот С.Ф. починал кога скокнал од прозорецот од училницата во основното училиште во Качарево на северот од Србија. Трагедијата се случила на крајот од часот, пред очите на учениците и професорката по германски јазик кои во тој момент биле во училницата.
Како што дознаваме, момчето седело во последната клупа, а кога заѕвонило ѕвончето истрчало и скокнало низ прозорецот.
– Таа мала пауза пред час беше кај директорот, тој задоцни неколку минути на час. И мајка му денеска ја викнаа на разговор, беше на училиште. Бил вознемирен на час, наставничката отишла кај него и разговарала со него. На половина час се гушеше…никој не можеше да претпостави дека ќе се случи вакво нешто – вели изворот на „Блиц“ и додава дека мајката на момчето била на училиште кога се случило се и дека почнала да плаче кога видела што се случи.
Оние кои го познавале велат дека бил добар пријател и омилен во друштвото.
Be the first to write a comment.