Цариниците открија неверојатна глетка на српскиот граничен премин Градина, кога ја отвориja хаубата на автомобил „пежо“, чиј што сопственик, пријавил дека нема ништо за царинење.
– Неверојатна сцена синоќа на „Градина“. Цариниците ја отвориле хаубата на автомобилот и здогледаa жена скриена меѓу моторот и радијаторот – објави српската Царина на својот Инстаграм профил.
На фотографијата се гледа жена, која го крие лицето, како седи свиткана под хаубата на возило. Вистинско чудо е како успеала да се сокрие во тој дел од автомобилот.
Српската полиција извести дека станува збор за обид за незаконско внесување мигрант во Србија.
Be the first to write a comment.