Затвореникот Екрем Демировиќ (25) се обидел да побегне од казнено-поправниот дом на Бихаќ, но, како што објавуваат босанските медиуми, не стигнал далеку.

– Имаше обид за бегство, но многу брзо беше спречен и лицето е вратено во затворот – изјави за порталот „Аваз“ Едхам Велаџиќ, директор на затворот „Лука“.

Настанот се случил во четврток на 23 март. Според Велаџиќ, затвореникот се качил на покривот и користејќи ја висината, ја прескокнал оградата.

Веднаш бил забележан, и не бил долго на слобода.

– Затворските службеници многу брзо го фатија и го вратија во затвор – изјави Велаџиќ.