Билјана Стојановиќ (38) се самоубила дома, а на денот на нејзиниот погреб во помошната соба било пронајдено телото на нејзиниот сопруг Иван (40), за кого сите знаеле дека е на привремена работа во Русија.
Телото на Иван Стојановиќ (40) од Велики Трњан кај Лесковац е пронајдено забетонирано во буре во шупа на денот кога била погребана неговата сопруга Билјана (38), која неколку дена претходно се отрула во истата просторија!
Филмска приказна која го шокираше југот на Србија е откриена на денот кога Билјана била погребана, а кога наводно во полиција се обратил маж со кој била во емотивна врска и рекол дека Билјана му кажала оти го убила својот сопруг, за кого сите верувале дека е на привремена работа во Русија!
Имено, минатата недела Стојановиќ исчезнала, а потоа била пронајдена мртва. Според првите информации таа се отрула, а семејството ја погребало на 28 јуни.
Телото пронајдено на чаршаф
– Телото на Билјана е пронајдено во помошната просторија на бел чаршаф и перница, а до него имало и шише. По погребот на Билјана, еден маж наводно се јавил во полиција и ѝ кажал дека таа неколку дена пред самоубиството му рекла дека го убила сопругот пред три години, го ставила во буре кое го покривала и стои во шупата, односно дека Иван треба да го бараат во дворот, а не во Русија, вели изворот на српски Курир и додава дека полицијата отишла таму и ја почнала потрагата:
– Токму како што опиша човекот, во бурето е пронајден забетониран труп за кој постои сомневање дека е Иван Стојановиќ, а на кој дури и косата била недопрена, односно не скапувала. Телото веднаш е испратено на обдукција, а во полиција бил братот на Иван – вели изворот.
Се дознало дека Билјана со години им кажувала на роднините, колегите и пријателите, дека нејзиниот сопруг Иван заминал во Русија и дека во меѓувреме се развеле.
– Наводно, на колегите и пријателите им рекла дека не ѝ праќал пари, дека тешко живеела, па дури и морала да го продаде својот имот, објаснува изворот и додава дека истрагата утврдила дека Стојановиќ влегол во Србија во 2019 година и никогаш не излегол од земјата.
Дошол поради смртта на таткото на Билјана
– Во Лесковац дојде пред три години кога почина таткото на Билјана и организираше погреб. После тоа дури и на море отишле со трите деца и оттогаш никој не го видел. Дека никој не се посомневал дека Иван не е жив, поткрепува и тоа што тој бил потпишан како ожалостен на нејзината посмртница – вели соговорникот.
Родителите на Иван, Јован и Ружица изјавија дека по погребот на нивната снаа планирале да се јават во полиција и да го пријават исчезнувањето на нивниот син бидејќи биле изненадени што три години не се слушнале со него.
-Никогаш не ни се јави, снаата рече дека редовно се јавувал секој месец, како и на внуците, но дека не можел да разговара со нас. Па не ни можел, бидејќи го ставиле во буре и го закопаче. Сестрите на Билјана постојано не’ напаѓаа што Иван не се јавува, што не доаѓа. Децата не се осмелија да кажат ништо. Секогаш нè лажеше, а го спакувала заедно со љубовникот – велат родителите:
Внуката го пронашла пасошот
-Кога отидовме еднаш кај снаа ми, таа му се јави од друга соба и измисли причини зошто сега не може да зборува. Пред некое време, најстарата внука ја најде дури и чантата и пасошот на татко им, се ни беше чудно и сакавме да повикаме полиција, да пријавиме. Според нејзината приказна, тој бил во Русија, како мафијата да го киднапирала, а бил заѕидан три години.
Родителите наведуваат дека Иван бил пронајден во шталата во која порано биле чувани кравите, а телото на Билјана претходно било пронајдено таму.
– Имаше сина боја и неколку капки на бетонот, пронајдена е во јаслите, на бел чаршаф. Нејзините две сестри го пцуеја и проколнуваа мојот син, како тој да е виновен. Тогаш реков, чекај, ако не е жива, можеби и мојот син не е жив. На луѓето им беше сомнително, а еден дел беше заѕидан во таа просторија која секогаш е заклучена – вели таткото.
Мајката Ружица вели дека черепот на Иван го видел неговиот брат Ненад.
– Над бетонот имаше отпад од пченка. Отидов на погреб, ја жалев, а син ми бил мртов, чекал да му ги закопам коските – вели мајката на Иван низ солзи.
Роднините на Билјана: Мислиме дека била уценувана
Роднините на Билјана вчера не беа расположени за разговор, но изјавија дека се сомневаат дека сè и е наместено.
Сомнежи на мештаните: Го убила поради афера
Мештаните од селото велат дека сега на местото се раскажуваат разни приказни, меѓу кои и тоа дека Билјана му пресудила на сопругот затоа што дознал за нејзината афера.
– Се зборува дека го убила сопругот затоа што ја фатил со љубовникот, па никаквецот подоцна и побарал дури 300 евра и ја уценувал за дад не ја пријави во полиција. Којзнае што се случило таму, не е чиста работата – велат мештаните.
Be the first to write a comment.