Дражен Ѓорѓевиќ, еден од првите членови на реалити програмата „Кафе Залe“, кое се емитува на Јутјуб, почина утрово во сон. Администраторите на профилот „Кафе Зале“ ја соопштија тажната вест и расплакаа многу нивни фанови.
Овој ријалити играч сите го познаваа по прекарот Драшко, а во последната објава продукцијата се прости од него:
– Дражен Ѓорѓевиќ почина денеска во сон. Нека ти е лесна земјата и царството небесно, збогум Драшко и патувај мирно.
Драшко беше една од најголемите ѕвезди на реалното шоу „Кафе Зале“ кое се емитуваше на Јутјуб и кое за кратко време собра голем број фанови и прегледи.
Инаку, момците кои ја започнаа приказната, Дуле и Прцко, собраа тим во нивното локално кафуле во Крњача што израдува и насмеа илјадници луѓе во регионот.
Иако достапни само на Инстаграм, Јутјуб и ТикТок, нивните клипови за кратко време достигнаа големи прегледи, а ги имаше речиси секој ден, па ѕвездите од реалното шоу „Кафе Зале“ станаа многу познати и популарни.
Be the first to write a comment.