Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Сокобања што се случи денеска. Несреќата се случила при судир на „рено“ со лесковачки регистерски таблички, кое се движело од правец на Ниш, со камион со шест работници.

Како што дознаваат српските медиуми од местото на несреќата, „реното“ преминало на спротивната страна од коловозот и директно удрило во камионот и го исфрлило од коловозот, покрај патот.

„Реното“ се превртело на покрив, а телото на починатиот е до возилото. Инаку, тој од уништеното возило бил извлечен од пожарникари, кои морале да го исечат возилото.

Според очевидец, во камионот имало шест работници. Некои од нив се здобиле со скршеници, меѓу кои и возачот кому му е скршена ногата.

– Младиот К.Н.(20) загинал, а најмалку едно лице е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу 18 часот во селото Суботинац на патот меѓу Алексинац и Сокобања, дознава „Блиц“.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸