Сам, гладен, сиромав и болен, вака изгледаше животот на Александар Владимиров, локален жител од населбата Лалос.

Соседите велат дека не се знае точното време на смртта, а наведуваат дека во лекарскиот извештај стои дека починал поради крварење и поради недостиг на лекови.

– Не се знае кога последен пат јадел, тврдат соседите на несреќниот, пренесува порталот „Решетка“.

Александар бил еден од жителите на ромското маало кај Босилеград кои живеат во лимени контејнери, а некои во куќи, но без вода, бањи и канализација, многумина без струја, за што Дојче веле сними прилог. По тој повод Александар пред камера ја претстави својата состојба.

„Ми давате социјална помош преку зима, нешто да купам лекови, нешто да купам дрва, нешто да купам храна, некако да преживеам. А, летово викам, нешто да се стави во уста, нешто да се јаде. Еве и сега немам леб, слегувам да го прашам претседателот (на општината) дали сака да ми даде 100 динари, 200 динари да купам леб итн“, изјави тој тогаш, со помирувачки глас.

Од моментот кога се појави во медиумите до неговата смрт помина едвај еден месец. Она што боли е тоа што два дена никој не проверува што му се случува, дали има лекови или барем леб.

За жал, сепак, немал.