Македонец се удави во Црна Гора. Младо момче од Македонија се удави вчера околу 18 часот на плажата Утјеха кај Бар, јавува порталот Приморски.ме.
Според информациите на овој портал, 22-годишниот млад човек денеска пристигнал во заливот меѓу Бар и Улцињ, каде требало да работи сезонски.
На телото немало траги на насилство.
Треба да се утврди причината за смртта, а обвинителот ќе нареди обдукција пренесе порталот.
Be the first to write a comment.