Еден од високите членови на Шкаљарскиот клан, Милиќ Миња Шаковиќ е убиен околу 23.40 часот во Будва, потврдено е за подгорички „Вијести“. Тој е ликвидиран е во кафулето Корковадо во Будва. Убиениот Шаковиќ важеше за еден од лидерите на Шкаљарскиот клан, а и претходно беше мета на напаѓачи.
– Вечерва е употребено огнено оружје во Будва, пред ѕидините на Стариот град, при што едно лице е убиено. Станува збор за М.Ш. Полицијата во соработка со надлежното обвинителство презема активности за расветлување на настанот, за чиј исход навремено јавноста ќе биде информирана, соопштија од Управата на полицијата.
Еден од изворите на „Вијести“, рекол дека маж кој седел на масата до неговата и кој не бил маскиран, пукал во Шаковиќ. Очигледно, тој само станал и испукал неколку куршуми во него.
Друг извор наведува дека Шаковиќ седел на маса во првиот ред и дека неговиот грб бил свртен кон шеталиштето кога му пришол маж кој имал бела кошула и капа и испукал неколку куршуми кон него. Настанала конфузија, која убиецот ја искористил и побегнал во близина на хотелот „Могрен“.
Според изворот на „Вијести“, полицијата пронашла кошула и капа. Полицијата ја блокираше контактната зона на Стариот град.
Шаковиќ има полициско досие за повеќе кривични дела во Подгорица, неколку пати бил апсен за оружје, а се сомнева дека учествувал и во ликвидацијата на водачот на навивачите на Партизан, Александар Станковиќ, Сале Мутави.
📸
Be the first to write a comment.