Кошаркарката Милица Дабовиќ повторно реагираше поради коментар на социјалните мрежи кој ѝ го испрати следбеник откако ја виде нејзината слика во виолетово бикини.
На сликата Милица влегува во морето со свртен грб, а во преден план е нејзината позадина. Поранешната кошаркарка за оваа објава доби симпатии од нејзините следбеници, но и критики.
Меѓу многуте пораки, Милица избра една на која ќе одговори.
Во пораката непознат маж пишува „тело на змеј, лице на самурај“, критикувајќи го нејзиниот изглед, на што Дабовиќ одговорила:
„Ти благодарам, прекрасен си, никогаш не реков дека сум убава. Самураите биле војска и биле чесни, тоа е сосема доволно!“.
Набрзо следел одговорот на истиот следбеник кој и напишал дека „тоа не го мислел како навреда“ и дека обожава самураи, па дури и има тетоважа од еден од нив на телото.
Be the first to write a comment.