„Загреб, блескаш како Монте Карло“, биле зборовите со кои пејачката Јелена Карлеуша (44) го отворила својот настап во еден познат ноќен клуб во Загреб.

Овој пат русокосата на сцената се појавила целосно разгоена. Или поточно, како излезена од шоп за возрасни. Пејачката на бината излегла во кожна танга и градник со метални боцки и синџири низ кој се и вири.

Градникот едвај и ги потпира градите, а освен кожното танга ремче над сребрените гаќички, носела и мрежести хулахопки и црни високи чизми до препони, како и црни ракавици до под пазуви. Таа дошла пред клубот со црно комбе околу 00:30 часот.

Тогаш носела долг црн капут и очила, а неколку минути подоцна веќе била на сцената.

Карлеуша го отворила концертот со песната „Само за твоите очи“. Неа на сцената ја придружувале и четири танчарки.Таа ги отпеа своите најголеми хитови „Казино“, „Лудача“, „Инсомнија“…не престанувајќи да танцува од првиот миг откако стапнала на сцената.

Покрај нејзините песни таа пеела и некои песни на колегите…

Како изгледал нејзиниот перформанс може да видите на следните фотографии:

📸

📸

📸

📸

📸

📸