Адмир Арнаутовиќ викан Шмрк беше уапсен на 20 септември минатата година како дел од акцијата „Бумеранг“ во БиХ, која се однесуваше на организиран криминал, перење пари и други кривични дела.

Тој беше разоткриен преку апликацијата Скај и се уште е во притвор, чекајќи обвинение. По наредба на Обвинителството на БиХ, акцијата ја спроведоа припадници на тамошното МВР, а направија извештај за полициските акции во претходната година, каде изнесоа шокантни детали.

Како што се наведува, неговата група планирала физички напад врз пејачката Сенида за време на нејзиниот престој во Сараево или на други локации кои би биле погодни за извршување на делото.

Планирале „да ја претепаат, ранат или да ѝ фрлат киселина на лицето“.

Како што понатаму се наведува во извештајот, тие биле „свесни дека на овој начин ќе ѝ нанесат сериозни физички повреди или тешко ќе ѝ го нарушат здравјето“.

Наведено е дека на овој начин би сториле кривично дело Насилничко однесување и нанесување тешки телесни повреди.