На патот Богетиќи – манастир Острог во Црна Гора, во 17 часот и 10 минути се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби Д.К. (70), кој е роден во Никшиќ.

– Во несреќата едно возило излетало од патот и се превртело, изјавија за „Вијести“ од Службата за заштита и спасување Никшиќ.

Оттаму додаваат дека возачот не давал знаци на живот.

– Чекаме истражниот судија да ја заврши истрагата и да ја извлече жртвата, велат од Службата за заштита и спасување.