По 38 дена од нејзиното исчезнување, телото на Илинка Дујовиќ, девојката од Прибој по која се трагаше од 12 декември, беше пронајдено во реката Лим, неколку стотини метри низводно од Рудо, во Босна и Херцеговина.
Илинка последен пат е видена во близина на брегот на Лим, на патеката на шеталиштето во Стари Прибој. Оттогаш немаше ни трага од неа се до вчера пред да падне ноќ, кога рибарите забележаа дека тело лебди и спречија водата да го однесе. Тие повикале полиција, а потоа таткото го идентификувал телото на својата ќерка во болницата.
-Точно е, телото што беше извлечено од Лим е мојата ќерка Илинка – низ солзи накратко рекол нејзиниот татко Далибор, кој до последниот час не изгубил надеж дека неговата ќерка е жива.
Илинка Дујовиќ студирала социологија и била на чекор до завршување на студиите. Поради пандемијата на корона вирусот, таа се вратила во Прибој и не го завршила факултетот.
Таа за прв пат исчезнала на 30 септември кога не се вратила од прошетка. Следниот ден со помош на голем број прибојци била пронајдена на ридот Биќ, под дејство на апчиња и каснувања од животни на раката. После тоа била лекувана во здравствените установи во Прибој, Крагуевац и во Белград.
Да потсетиме, за време на потрагата, таткото на Илинка рече дека оваа година неговото семејство „го поминал најтешкиот Божиќ во животот“.
– Не знаеме што се случува со нашата ќерка. Денеска е роденден на Илинка и болката во моите гради е неопислива. Поминува триесет и петти ден и никој ништо не прави, јас не сум важен, но моето дете е. Ја школував во Република Српска со бедна плата за да може да работи овде во Србија, заслужува да и се помогне. Ова е денеска достоинствена, мирна прошетка, без блокади и никакво малтретирање, не сакаме да ги „брукаме“ нашите деца, затоа што за нив живееме, изјави претходно Далибор за РИНА.
Be the first to write a comment.