Девојче на возраст од 10 години, починало во неделата на Универзитетската клиника во Сараево. Таа била штитеничка на јавната установа „Семеен дом“ во Зеница.
Имено, девојчето прво се пожалило на забоболка и главоболка, немала температура над 38 степени, а медицинскиот персонал од установата ја започнал потребната терапија и ѝ била пружена соодветна нега. Направенена и е крвна слика, која била нормална, а за тоа време девојчето си играло.
Ситуацијата се влошила
Во официјалното отпусно писмо на болницата, се наведува дека било констатирано дека на девојчето му била укажана лекарска помош од надлежните вработени во установата.
Но, ситуацијата се искомплицирала ноќта од саботата кон неделата кога во придружба на медицинска сестра и воспитувач се пријавила во Итната помош на Клиничката болница Зеница од каде била препратена во Сараево.
По преглед во болницата, таа е хоспитализирана на Одделот за оториноларингологија, а поради влошување на состојбата е префрлена на Клиниката за детски болести при КЦУ Сараево. И покрај натчовечките напори на лекарите, девојчето починало.
Медицинските тестови откриле дека се работи за менингитис, кој ги зафатил пределот на окото и главата, поради што несреќното девојче не можело да се спаси.
Be the first to write a comment.