Страхиња Дачковиќ (37), Србинот кој е изрешетан во главниот град на Камбоџа (Пном Пен), на социјалните мрежи се фалел со пари и оружје.

Тој бил застрелан со три куршуми во луксузен дел од градот, а полицијата тргнала во потера по напаѓачите.

– Брате, само немој да промашиш- напишал пријател на Дачковиќ под фотографијата на која се гледа Дачковиќ со пушка во рацете.

Под фотографијата на која позира без облека со пиштол во рака, а на која го покрива лицето со телефонот напишал: „Штрковите ќе се вратат“, алудирајќи на домашната серија.

На сликата со синџир околу вратот, со повеќе од 5.000 евра во рака, позираше пред камера, и напиша дека „има за музика“ но и дека се чувствува пијан.

Да потсетиме, убиството се случи пред три дена, поточно во саботата околу 23:30 часот во луксузен дел од градот. Уличниот продавач на пијалоци изјави дека претходно неколку пати ја видел жртвата и дека секогаш трчал и вежбал во близина на местото на пукањето.

– Бев на околу 15 метри од местото на несреќата кога слушнав истрели. Притрчав на местото на настанот и го видов Лексусот како брзо се оддалечува, а жртвата лежи на патот. Не можев да ги видам регистарските таблички – изјавил очевидец за тамошните медиуми.

Началникот на полицијата рече дека полицијата го истражува мотивот за пукањето, како и напаѓачите и нивните соучесници.