Смртта на Ивана К.(26), чие тело беше пронајдено во белградската општина Звездара се уште е мистерија, а пријателите на несреќната девојка веќе два дена не можат да дојдат при себе и оставаат потресни и трогателни пораки за младата студентка која штотуку го имаше животот пред себе.

Како што веќе објавија српските медиуми, несреќната девојка живеела како потстанар, а братучедите од нејзината тетка вчера ја нашле мртва во станот со подигната блуза и откопчани панталони, со видливи модринки на вратот.

Како што дознава „Блиц“, пред да се пресели во Белград, Ивана најпрвин барала стан во Нови Сад. Таа тогаш објави дека бара стан, а колку ги сака животните покажа и огласот во кој изјави дека и е важно станот да биде „погоден за миленичиња“ поради нејзината мачка Бране.

– Здраво на сите, барам стан. Идеално би било да е „погоден за миленичиња“ – напишала Ивана меѓу другото во група за издавање станови во Нови Сад во јули минатата година.

Сличен оглас Ивана објавила во друга група преку која барала стан во Белград во октомври годинава.

– Ми треба наместен стан за мене и Бране. Бране има свои играчки, своја гребалица, научен е на посип и да живее во стан – напишала тогаш несреќната девојка, а локациите што ги означила биле Вождовац, Звездара, Миријево, Кумодраж.

За жал, се покажа дека еден од становите што Ивана го избрала за свој дом во Белград бил и тој во кој вчера била пронајдена мртва.

Во нејзиното родно место Ловќенац во Војводина владее неверување, а сите што ја познаваа се збогуваат со младата девојка.

– Ангеле мој, апсолутно не можам да верувам дека ова ти се случило. Засекогаш ќе бидеш во моето срце. Нека ти е лесна црната земја драга моја – напиша пријателка на Ивана под чија објава има заедничка фотографија во празнична атмосфера со широка насмевка на лицето на Ивана.

На Фејсбук профилот на таткото на несреќното девојче, Слободан К., има безброј семејни слики. Слободан не ја криеше големата љубов кон својата ќерка, па со гордост често објавуваше фотографии од неа, но и заеднички фотографии.

Така дознаваме дека Ивана следниот месец требало да наполни 27 години.

– Среќен роденден, среќен тато. Пополнете ги годините со живот, а не животот со години. Постигнете го она што го сакате, добијте го тоа што го немате и зачувајте го она што го сакате – напиша на 10 јануари годинава таткото Слободан, кој е неутешен поради прераната смрт на својата ќерка.

Позитивните коментари под сликите продолжија, а најмногу пишуваа дека Ивана е убава и премногу љубезна, дека таа и нејзиниот брат се навистина прекрасни деца и дека е убава како нејзината мајка.

Пријателите пишуваат и дека Ивана била постојано насмеана, како и дека нејзините родители имале многу убав однос со неа, хумористичен и билеполни со љубов.

Да потсетиме, смртта на Ивана К. се смета за сомнителна, бидејќи вратата од станот била заклучена, а клучот не бил во бравата. Во станот немало траги на тепачка или вознемиреност, а несреќната девојка била пронајдена со подигната блуза и откопчани панталони, додека на вратот и биле видливи модринки.

Телото е однесено на обдукција, со која дефинитивно ќе се утврди дали девојчето било жртва на кривично дело или и се случило нешто друго.

– Инспекторите зедоа траги во станот на девојчето, проверувајќи дали има отпечатоци или ДНК траги. Се што е пронајдено е земено на анализа, а по споредбата на трагите ќе се знаат повеќе детали – објаснува изворот.