Ужасни вести денеска доаѓаат од Бугарија, од Пловдив. Во тешка сообраќајна несреќа денеска во околината на тој град загина таткото на нашиот младински репрезентативец и мега – талентот на Шкендија, Дашмир Елези, пренесе СпортМедиа.
Инаку како што јавуваат медиумите во Бугарија, до несреќата дошло кога БМВ во кое бил таткото на фудбалерот, Скендер Елези, се судрил директно со камион од спротивниот правец.
Трагедија, уште повеќе ако се знае дека загинатиот Скендер Елези денеска полнел 40 години.
Инаку таткото на Елези и уште едно лице прво го однеле Дашмир во бања каде што тој се сместил, за да потоа на враќање кон Македонија се случила страшната несреќа.
Be the first to write a comment.