Грант Вал, високо ценет фудбалски новинар, почина синоќа во Катар, каде што го следеше четвртфиналниот натпревар на Светското првенство помеѓу Аргентина и Холандија.

– Шокиран од веста за Грант Вaл. Потресно, неверојатно. Моето срце е со семејството, пријателите, сопругата. Беше фантастичен човек и новинар. Тажен, шокиран. Почивај во мир, Грант, напиша познатиот италијански репортер, Фабрицио Романо.

Агентот на Вол, Тим Сканлан, ја потврди смртта во телефонско интервју во петокот вечерта. Сканлан рече дека Вал бил во прес-ложата во завршните минути од натпреварот кога ненадејно колабирал.

Се верува дека тој починал, рече Сканлан, во болница во Катар или на пат кон болница, откако се чувствувал лошо додека траел натпреварот.

„Тој не спиеше добро и го прашав дали пробал мелатонин или нешто слично“, рече Сканлан. „Тој рече: „Само треба да се опуштам малку“.

Според двајца новинари на Њујорк Тајмс кои биле присутни, медицинскиот персонал вршел компресија на градите и друг третман околу 20 минути пред Вал да биде изнесен од стадионот Лусаил иконик.

Последниот твит на Грант Вал

Сопругата на Вол, д-р Селин Гаундер, исто така, ја потврди смртта во објава на Твитер. Семеен пријател рече дека Гаундер побарала приватност и сите јавни коментари ќе ги остави на Амбасадата на САД во Катар и Фудбалската федерација на Соединетите држави.

Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот, рече дека американските официјални лица биле во контакт со семејството на Вал и биле „ангажирани со високи катарски функционери за да се погрижат желбите на неговото семејство да се исполнат што е можно побрзо“.

Вал (48) ја започна својата професионална новинарска кариера во 1996 година, во Sports Illustrated, каде работеше повеќе од 23 години. Тој започна да покрива и фудбал и колеџ кошарка и ја напиша првата насловна приказна на списанието за Леброн Џејмс, насловена „Избраниот“, во 2002 година, кога Џејмс беше во средно училиште.