Тандемот на Динамо Загреб, Милсав Оршиќ – Бруно Петковиќ ја однесоа Хрватска во пенал-рулет, откако светскиот вицепрвак беше на три ипол минути од елиминација против најтрофејната нација Бразил.

Бразил имаше контрола на мечот откако Нејмар даде гол во првата од надополнувањето во 105-та минута, но брзата транзиција по изгубена топка на „кариоките“, скапо ги чинеше зашто Оршиќ повлече контра, а на прва по додавањето Петковиќ погоди во мрежата на Алисон Бекер.

Во пенал рулетот повторно херој кај Хрватите беше голманот Ливаковиќ, кој ги одбрани пеналот во првата серија кој го шутираше Родриго. Во четвртата серија промаши и Маркињос.

За разлика од Бразилците, Хрватите беа прецизни преку Влашиќ, Мајер, Модриќ и Оршиќ.