Мајката на осудениот Андреј Костовски со лелек ја коментира високата затворска казна на својот син.
Најголем шок беше евидентен кај мајката на Андреј Костовски, третообвинетиот, која со лелек и неверување ја слушна 16-годишната казна за својот син за кого судијката посочи дека имало искрено каење. Таа беше во шок.
По завршување на судењето, Костовски се обрати до мајка си: „Пред Господ сум чист, не сум убил никого. Совеста ми е чиста. Тоа е поради јавност, знаеме под какви околности. Не секирај се, мама, сè е во ред“.
Андреј Костовски само посочи: „Останувам на сè она што го кажа мојот бранител“, а претходно адвокатот аргументира зашто ефектот обвинетиот да не избега може да се постигне и со поблага мерка.
Тројцата обвинети остануваат во притвор до почнување на издржување на казната, односно до правосилност на пресудата.
Be the first to write a comment.