Обвинетата Клементина Лефковска реагираше на високата казна и бараше да ја однесат во тоалет бидејќи ѝ се повраќа. Реакција имаше и од мајката на Клементина, која доби 18 години казна затвор.

„Која е оваа правда? Што е ова“, прашуваше мајката, која со реакции продолжи и во ходникот на судот.

Некои од обвинетите за време на паузата беа извадени од судницата поради негодување и коментирање. Но, коментари до обвинителката имаа и првите двајца обвинети.

„Ова не е убиство“, ѝ рече Клементина на обвинителката, а таа ја напушти судницата.

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата обвинети за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска е осудена на 18 години затвор. Третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвор.

Обвинителката побара обвинетите да останат во притвор. И Клементина се побуни за продолжување на мерката притвор.

„Исто така, и јас сама се пријавив во станицата, кога го извршив делото, имав 18 години, сега во притвор направив 19“, рече Клементина.

Тројцата обвинети остануваат во притвор до почнување на издржување на казната, односно до правосилност на пресудата.