80-годишник со моторцикал се судрил со „форд фиеста“, по што завршил во тешки повреди во болница.

На 07.09.2022 околу 13.20 часот пријавено е дека на регионалниот пат Берово-Струмица во атар на с.Двориште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикал „БМВ Р1250“ со словенечки национални ознаки, управуван од Т.В.В.(80) од САД и патничко моторно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(45) од Скопје, соопшти полицијата.

По несреќата, Т.В.В. е пренесен во Здравствен дом Берово, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е запознаен Јавен Обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Берово.