Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 00.10 часот на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од Полициската станица Аеродром била приведена К.П.(29) од Охрид поради тоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службено дејство.

Од полицијата додаваат дека по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.