Се уште никој не ја открил тајната на долгиот живот. Некои мислат дека е многу важно да избегнувате многу стрес, да се храните здраво и да бидете физички активни, додека други сметаат дека сето тоа е прашање на судбина.

Бугарската пророчица Баба Ванѓа до крајот на животот се придржувала до одредени работи, бидејќи верувала дека тие се пресудни за добро здравје. За неа природата била најдобриот лек.

Нејзините совети за долг и здрав живот се:

1. Не се прејадувајте – тоа доведува до сериозни болести од кои страдаат сите органи.

2. Не пушете цигари.

3. Одете боси во текот на летните месеци. На овој начин ќе ја зацврстите врската со „мајката природа“.

4. Сакајте се себеси

5. Научете да одмарате правилно. Денот е за работа, а ноќта за спиење. Легнете најдоцна до 22 часот, а станувајте во 5-6 наутро.

6. Јадете пченица натопена во вода еднаш неделно. Ова го прочистува телото.

7. Јадете ‘ржан леб за одржување на здравјето.

8. Повеќе физичка активност и повеќе работа. Мрзеливоста е болест која ги уништува и телото и душата.

9. Не се капете со премногу топла вода.

10. Правете добрини.