Дали некогаш ви се треселе нозете по добар се*с? Станува збор за реакција на се*суално задоволство и е многу добра за психофизичкото здравје.
Ако сте се запрашале дали сè е во ред со вас, ако нозете не ви работат и ако колената ви откажуваат по се*с, нема причина за загриженост. Станува збор за нормална реакција која им се случува на повеќето жени.
Зошто на жените им се тресат нозете по добар се*с?
Одговорот на ова прашање всушност е многу логичен. Исто како што по интензивен тренинг чувствувате дека нозете не можат да ја издржат тежината на телото, а колената ви се толку слаби што тешко можете да ги свиткате, приближно истиот процес се случува и по интензивен се*с.
Меѓутоа, во овој случај психата е одговорна за се*суалните реакции. Оваа интимна реакција е нормална и ретко кој може отворено да зборува за тоа, па многу жени мислат дека нешто не е во ред со нив, забележува д-р Џесика Вилијамс.
За да разберете зошто ви се тресат нозете, прво треба да разберете како вашето тело реагира на оргазам. За време на оргазмот доживуваме таканаречена миотонија, односно мускулна контракција во поголем дел од телото. Кога конечно ќе се опуштат мускулите, почнуваат да се тресат. Некои жени доживуваат и грчеви во карлицата, кои се јавуваат поради контракции на матката.
Во текот на сексот телото минува низ интензивно задоволство. Крвниот притисок се зголемува, срцето забрзано чука, а хормоните неконтролирано „танцуваат“ низ нашето тело. Доколку не ви се допаѓа ова чувство и сакате да го избегнете, внимавајте на положбата на нозете за време на сексот, советуваат експертите.
Ако ги држите нозете кренати подолго време, поголема е веројатноста дека ќе почувствувате треперење по се*сот. Друг корисен совет е почесто да ја менувате секс позата.
Телото на сексот гледа како на еден вид шок состојба, па жените забележуваат различни реакции. Некои може да плачат, некои да почувствуваат наплив на еуфорија, некои да имаат затнат нос, забележува Вилијамс.
Што да преземете ако ви се тресат нозете по секс?
„Пиењето вода и внесувањето храна богата со калиум, како банани и авокадо, можат да помогнат во борбата против оваа појава. Колку подобро се хидрираат мускулите, толку е помала веројатноста да почувствувате какви било ефекти по сексот“, советува Вилијамс.
Според неа, по активен секс, добро би било да ги истегнете мускулите на нозете, а исто така е важен начинот на кој спиете како и удобноста на креветот.
Be the first to write a comment.