Хрватскиот кошаркар Анте Жижиќ доживеа страшен инцидент за време на натпреварот меѓу Макаби Тел Авив и Хапоел во израелскиот шампионат. Се онесвести на паркетот, го голтна јазикот и остана без воздух, но по брзата лекарска интервенција беше спасен и веднаш префрлен во болница.
Во клиниката Жижиќ се освестил и прво што прашал е како завршил натпреварот на неговиот тим на кој Макаби по две продолженија загуби со 123-114.
Според последните информации, Жижиќ сега е во добрата здравствена состојба без никакви посериозни последици. Утрово и самиот кошаркар се огласи преку социјалните мрежи заблагодарувајќи се на сите за поддршката.
„Им благодарам многу на сите за сите добиени пораки. Подобар сум сега и се враќам наскоро…“ – порача Жижиќ од болницата во Израел.
Be the first to write a comment.