Шокантни вести доаѓаат од Холандија, откако вчера почина поранешниот фудбалер на Ајакс и Твенте, Жоди Лукоки на 30-годишна возраст, а сега се појавија првите детали за неговата смрт.

Постои сомнеж дека се случил инцидент на семејната прослава, а полицијата го истражува случајот, додека „Хет Перол“ објави дека бившиот играч на Ајакс бил претепан од членовите на неговото семејство.

Лукоки бил претепан од страна на двајца роднини и пријатели, по што заработил тешки повреди на главата и коленото, а откако заминал во болница дознал дека треба да му биде ампутирана ногата поради инфекција.

Фудбалерот привремено бил во кома поради операцијата, а во шест часот во понеделникот починал од срцев удар.