Роднините Иван (23) и Огњен Чавиќ (22) загинаа во сообраќајна несреќа што се случи во средата околу 23 часот на патот Пљевља-Ѓурѓевица Тара, до термоелектраната Плејвља во Црна Гора.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.К. и малолетниот Б.Б.
Директорот на пљеваљската болница Саша Грбовиќ утрово за „Вијести“ изјави дека едниот од повредените бил опериран во болницата, а другиот со сериозни повреди на главата и градниот кош е пренесен во Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ).
Грбовиќ рече дека и двајцата повредени засега се во стабилна здравствена состојба. До несреќата дошло кога се судриле камион и патничко возило во кое биле загинатите и повредените.
Според информациите на „Вијести“, до несреќата дошло кога возилото „пасат“ удрило во задното тркало на камион кој превезувал јаглен за Термоелектраната.
Несреќата се случила на делот од патот каде рударски камиони секојдневно минуваат на патот Пљевља – Ѓурѓевица Тара за да го растовараат јагленот што го носат во Термоелектраната од блискиот рудник.
Be the first to write a comment.