Трагична смрт на 50 годишниот адвокат Танасис Павлу од околината на градот Трикала ја вознемири Грција.

Како што јавуваат грчките медиуми, познатиот адвокат доживеал трагична смрт кога бил однесен од воз во обид да помине на „импровизиран“ премин на улицата „Метеорон“.

– Како што стана познато, несреќниот адвокат сакал да посети роднина и решил да помине покрај конкретната точка на пругата во градот Трикала за да пресече пат. Треба да се напомене дека конкретниот пункт не е ограден, па секојдневно го користат голем број жители на околината, објавија медиумите.

Несреќниот Танасис во моментот кога се обидел да премине, како што јавуваат медиумите, се чини зборувал на телефон и затоа не слушнал како доаѓа возот. Ударот бил толку жесток што 50-годишникот бил распарчен.

📸

📸

По трагедијата, траорни сцени се случувале во болницата во Трикала, кога роднините и пријателите дотрчале за идентификација и релевантни информации. Адвокатот бил оженет и татко на две деца.