Девојче (11 години) е тешко повредено кога на пешачки премин во Белград налетал џип. Сообраќајната несреќа се случила во вторникот околу 21:00 часот на улицата „Народни херои“ во Нов Белград. Девојчето било соборено на обележан пешачки премин од џип БМВ Х3, управувано од жената Б.Г.
Немања Р.(40), татко на повреденото девојче, вели дека се уште не може да се вразуми, а девојчето две ноќи не спие поради трауми и повреди.
– Ќерка ми се враќала од тренинг, ја минувала улицата на обележан пешачки премин, кога со џип жената Б.Г., која ја удрила и ја соборила на асфалтот. Од адреналин и страв успеала да стане, направила неколку чекори и паднала во несвест. Фала му на Бога што очевидците притрчале кај неа и ја кренале – вели загрижениот татко.
Како што вели, брзо дошол на местото на несреќата.
– Пријателите беа со неа во тој момент и ми се јавија. Веднаш отидов таму. Ќерка ми беше вознемирена, исплашена и тешко повредена, а жената што ја покоси не повика ниту брза помош. Очевидци ми кажаа дека од БМВ-то доаѓала гласна музика и дека жената зад воланот гледала во нејзиниот телефон – вели таткото и продолжува:
– Луѓето кои ја видоа несреќата ми кажаа дека дури и згазнала на гас, наместо да закочи, веројатно мислела дека може да помине, погрешно проценила. Најлошо е што на лице место, без никаков срам ми рече „Зошто драмиш, не ја убив!“. Тоа беше првото нешто што ми рече, останав запрепастен.
– Оваа жена мора да одговара! Нема да дозволам да помине неказнето – вели Немања Р.
Тој нагласува дека неговата ќерка има повреди по целото тело од несреќата.
– Има хематоми на половината и бутовите, како и несвестица. Навечер не може да спие, се буди и повраќа, а синоќа од страв го измочала креветот. Жената која ја повреди додека вечерта бевме во Ургентниот центар не се ни удостои да се јави и да праша како е детето, дури утредента се јави со порака и по совет на нејзиниот адвокат, вели Немања Р.
„Тато, јас преживеав, но некому може да му се случи нешто полошо“
Таткото Немања Р. вели дека девојчето се уште е во шок и постојано го прашува: „Тато, зошто ми се случи ова, кога бев на обележан пешачки премин како што ме научи?“.
– Гледаш, тато, мора да ѝ ја одземат дозволата, јас преживеав, но што ако следниот пат некому му се случи нешто полошо поради таквите луѓе. Цела ноќ сме во болница, ќе помине ли ова? Се ме боли и се плашам – ги раскажува таткото зборовите на ќерката.
Be the first to write a comment.