Седумдесет и двегодишна тетовка била пронајдена почината во својот дом во Тетово, каде што живеела сама.

„Вчера (14 март), во 18 часот, во СВР Тетово пријавено дека во нејзиниот стан на улицата 188 во Тетово, во кој живеела сама, била пронајдена почината 72-годишната тетовка Ќ. А.“, соопшти МВР.

Лекари од тетовската итна помош констатирале смрт без траги на насилство, а јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид по што телото на Ќ. А. му било предадено на семејството.