Индонезискиот претседател Јоко Видодо денеска изјави дека му ја пренел пораката на украинскиот претседател Володимир Зеленски до рускиот лидер Владимир Путин.

Видодо вчера се сретна со Зеленски во Киев, а денеска пристигна во Москва за да разговара со рускиот претседател.

„Ја пренесов пораката на претседателот Зеленски до претседателот Путин“, рече Видодо по разговорот со Путин во Москва.

Тој не кажа каква е пораката, но додаде дека „изразил подготвеност да помогне двајцата лидери да комуницираат“. Индонезискиот претседател во моментов претседава со група земји од Г20 и кризна група на ОН формирана за да се справи со заканата од глобалниот глад.

Видодо го покани Зеленски на самитот на Г20 што ќе се одржи во ноември на Бали. АФП пренесува дека Зеленски одговорил дека неговото доаѓање зависи од тоа кој друг ќе биде таму. Имено, Русија е членка на Г20 и се очекува Путин да дојде на самитот.