Телото кое вчера беше извлечено од Дунав во Белград е на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, потврди обдукцијата соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Според прелиминираните наоди од обдукцијата, смртта настапила по ненасилен пат.
27-годишниот хрватски државјанин исчезна во Белград ноќта помеѓу 30 и 31 декември мината година, кога ги оставил своите пријатели во клубот Готик.
Утре пред црквата Свети Антониј во Белград ќе биде извршено опело за Матеј Периш, чие безживотно тело беше пронајдено по 139-дневна потрага.
– Утре во 17 часот ќе има опело и последно збогување од Матеј пред црквата Свети Антониј – вели Ненад Периш.
Ненад изјавил и дека сака да го испрати својот син во мир и во најтесниот круг на семејството.
Да потсетиме, Ненад Периш утрово изјави дека „Матеј ја заврши својата приказна на оваа земја, јас и тој повторно ќе се сретнеме“.
Be the first to write a comment.