Украина победи на натпреварот за најдобра евровизиска песна кој оваа година се одржа во Торино, Италија. Претставниците на Украина (631 поен) триумфираа пред Велика Британија (466) и Шпанија (459).

Според гласањата од националните жирија, Британците освоија 283 бодови, пред Шведска со 258 и Шпанија со 231. Украина беше четврта, Португалија петта, додека до десеттото место се најдоа, Грција, Италија, Холанија, Австралија и Азербејџан.

Македонија во своето гласање 12 поени даде за атрактивната Шпанка, Шанел, додека 10 за Србија.

Сепак, бројките драстично се сменија откако беа соопштение гласовите од публиката, кои практично одлучуваат се.

Украина од публиката доби 439 поени, додека Шпанија од публиката доби 228 поени. Шведска доби 180 поени, додека Велика Британија 183 поени.

Финално Украина освои 631 поен, Велика Британија 466, додека Шпанија трета со 459.

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН