Осуден за убиство на 20 години затвор, издржал околу девет години, затвореникот во штипскиот затвор не успеа да го одлежи остатокот од казната. Како што дознава „Фокус“ се работи за повозрасен кочанчанец, роден 1955 година. Тој имал 68 години и повеќе здравствени проблеми.
-Повеќе пати изминативе години беше носен во болница. Вчера беше повикана брза помош, со која што беше однесе во Клиничката болница во Штип. Добил здравствена нега на интерното одделение. Во 6.30 беше вратен и само што влегол во неговата собра починал – вели за „Фокус“ директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров.
Се претпоставува дека причина за смртта е срцев удар. Се работи за Д.М. од Кочани. Тодоров изјави дека за смртта на осуденикот е известен и СВР Штип, а според сите документи со кои располагаат во однос на здравствената состојба на лицето, не е дадено наредба да се изврши обдукција.
Во 2014 си го уби синот со секира
37-годишниот Драган Минов од Спанчево настрада од удар со секира што му го задал неговиот 59-годишен татко Душан, објавија медиумите во април 2014 година.
– Синоќа, околу 22 часот тие имале кратка расправија по што синот се подготвувал да спие. Половина час подоцна во собата се вратил неговиот татко и со секирата што ја имал кај себе му нанел смртоносни повреди. Мајката која се наоѓала во соседната куќарка не претпоставувала што се случило, објави локалната телевизија Канал 8 на 9-ти април 2014 година.
Мислејќи дека домашните веќе спијат, дури изутрината околу 7 часот го забележала безживотното тело на својот син. Соседите исто така не слушнале ништо, а во шок тогаш не сакаа да коментираат за настанот, тврдејќи дека Минови биле мирна фамилија.
– Меѓу нив немале ништо лошо, секогаш кога ќе дојдев кај нив немаше кавга да се слушне, никако, ништо лошо да се прозбори, контра ништо немало, рече сосетка на Минови. Таткото тогаш сам ја известил полицијата по што службени лица од крим-техника извршиле увид на местото на настанот.
– Поради постоење на основи за сомнение дека е сторител на кривичното дело убиство, лишен е од слобода Д.М. Од село Спанчево, општина Чешиново-Облешево, против кој по целосно раслистување на кривично правниот настан ќе биде поднесена кривична пријава, рече тогаш Гордана Панајотова, портпарол СВР Штип.
Be the first to write a comment.