Во сообраќајна несреќа на патот Коморане-Црнољево, кај Глоговац во централно Косово, загинале сопружници кои според локалните медиуми, зад себе оставиле осум деца, јавуваат албанските медиуми.
Портпаролката на косовската полиција за регионот на Приштина, Фљора Ахмети, потврди дека се работи за брачен пар од околината на Глоговац.
– На патот Коморане-Црнољево се случи сообраќајна незгода со смртни последици. Во оваа сообраќајка учествувале две возила во движење. Од несреќата три лица се здобиле со тешки телесни повреди, од кои две им подлегнале на повредите, рече Ахмети.
Како што додаде таа, случајот го истражува Единицата за патен сообраќај.
Според локалните медиуми, загинатите маж и жена зад себе оставиле осум деца.
Be the first to write a comment.