Во несреќата што се случи денеска во градот Бихаќ, кога дрво паднало врз кабината на камион, загинал возачот Бајро Мискиќ, објавија босанските медиуми.
Тој починал на лице место, а на терен се пожарникари и полиција.
Како што дознаваат медиумите, зад себе ги оставил сопругата и трите деца.
– Да потсетиме, како што за „Аваз“ потврдија од полицијата, огромно дрво паднало врз кабината од камионот што го управувал Бајро, објавија медиумите
– Известено е обвинителството. Нашите полициски службеници вршат дејствија за да се утврди случајот, односно како се случил – изјави за порталот „Аваз“ портпаролот на МУП УСК Бахрудин Џелалагиќ.
Be the first to write a comment.