Туристичката организација на Будва и општината платиле 300.000 евра за астрономските хонорари на музичките ѕвезди, пишува весникот „Вијести“.

Најспектакуларната и воедно најпосетувана новогодишна програма организирана од Туристичката организација и општина Будва во изминатите две децении пред ѕидините на Стариот град чинеше речиси половина милион евра, од кои нешто повеќе од 300 илјади евра биле уплатени на сметките на музичките ѕвезди.

Тридневната програма, на која и помогна исклучително доброто време, привлече повеќе од 55 илјади посетители во Будва, па градските плоштади беа преполни за време на концертните настани.

Главниот град на црногорскиот туризам со години е Мека за музички изведувачи, а секоја година се повторува истата приказна, најпопуларните ѕвезди како да се тркаат да најдат подобар ангажман во Будва, град кој зазема водечка позиција во регионот во смисла на убаво да се забавуваме за Нова година цела деценија.

Така беше и годинава, а музичките ѕвезди добија вртоглави хонорари.

Како што потврдија организаторите, најплатена музичка ѕвезда е Дино Мерлин, за чиј ангажман Туристичката организација платила 90 илјади евра. Мерлин го одржа и еден од најпосетените концерти во изминатите две децении откако се организираа јавни настапи, бидејќи целиот простор на Стариот град беше исполнет до последниот метар квадратен.

За новогодишниот настап хрватската ѕвезда Златан Стипишиќ Џибони доби 80 илјади евра. Настапот на Џибони беше закажан за дочекот на 2022 година, но поради пандемијата на корона вирусот во тоа време беше откажан. Потоа му била платена половина од хонорарот.

Настапот добро го наплатил и водечкиот бенд од регионот, Дубиоза колектив, чиј хонорар, како што потврдуваат за Вијести, изнесува 45 илјади евра, додека на мајсторот на светската електронска сцена Денис Султа му биле исплатени 15.000 евра, колку што изнесува у хонорарот на младата српска поп пејачка Сара Јо. Пејачката Сенида пак, наплатила 25.000 евра за едночасовен настап на централната сцена поставена под стариот градски бедем.

Евровизиско изненадување, минатогодишната претставничка на Србија, Ана Ѓуриќ Констракта доби 30 илјади евра.