Во познатиот воден парк Sea World во Сан Диего, за време на шоу за посетители, кит убиец нападнал тренер пред запрепастената публика и го однел на непланирано „подводно возење“. Инцидентот се случи на 15-ти ноември 2006 година.

На самиот почеток на ова вознемирувачко видео, во десниот дел од екранот, тренерот скока во водата од грбот на китот и почнува да плива кон работ на базенот. Китот го следи, потоа се нурнува, го фаќа за нога и го влече под водата, по што настанува општа хистерија.

Настана моментална паника кај другите тренери. Колегите почнале да удираат по работ на базенот за да го спасат и да го извлечат на површина.

За среќа, китот потоа го ослободува тренерот, тој излегува од базенот и куца, очигледно повреден, во бекстејџот на шоуто. Ова е само еден од доказите дека можеби овие претстави со животни треба да се забранат.