Сообраќајка се случила вечерва на патот Удово – Гевгелија, според првичните информации на МИА, повредени се мигранти.
„Добивме повик за поголем број повредени мигранти – 29 лица. Наводно, биле сместени во камион, биле околу педесетина, такви ни се првичните информации“, рекоа од Брза помош Кавадарци.
Кавадаречката итна медицинска помош, исто како и неготинската, била повикана да интервенира и да прифати дел од повредените. Тоа за МИА го потврдија од двете служби на брза помош. Кавадаречката служба испратила едно болничко возило.
Цела екипа со санитетско возило биле испратени и од Брза помош Неготино, а службата била на готовс и ако треба дополнително да интервенира.
Од МВР потврдија дека вечерва во 18.10 пријавено било дека товарно возило излетало од патот на клучка од с. Марвинци кон М1, рег.пат Гевгелија – Демир Капија.
„Утврдено е дека се работи за товарно возило сканија со приколка со скопски таблици. Возачот се дал во бегство, а на лице место се пронајдени мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е првично. Утре ќе има официјално“, велат од МВР.
Be the first to write a comment.