Засега е познато дека најмалку едно лице загинало во земјотресот

Најмалку едно лице загина во силниот земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди филипинскиот остров Лузон, при што беа оштетени болница и згради, а силни потреси се почувствуваа и до главниот град Манила.

Гувернерот на Абра Џој Бернос изјави дека мажот (25) настрадал кога врз него паднале урнатини.

Американскиот геолошки институт извести дека епицентарот на земјотресот бил на 11 километри југоисточно од градот Долорес и на длабочина од 10 километри.

Најмалку едно лице е повредено додека луѓето се обидувале да ги евакуираат зградите.

На снимките на социјалните мрежи се гледа моментот кога се урива камбанаријата на црквата, додека луѓето бегаат.

📸

📸

📸

📸

📸

🎥

🎥

🎥